Иран го осуди на смрт својот најдобар фудбалер во историјата поради објава на Инстаграм и учество во протести!
Поранешниот ирански репрезентативец Али Даеи, кој едно време играше и за баварскиот гигант Баерн Минхен, е осуден на смрт, објави Азербејџан Репорт.
Весникот тврди дека Даеи бил осуден на смрт поради учество во протести за смртта на Махса Амини, 22-годишна Курдка која била уапсена откако наводно го прекршила кодексот на облекување во земјата. Нејзината смрт беше објавена на 16 септември.
Релевантните светски медиуми не ја пренесоа веста дека Даеи е осуден на смрт, а раководството на иранската држава не ја коментираше оваа информација.
Даеи (53) е поранешен капитен и најдобар стрелец во историјата на иранската фудбалска репрезентација.
На крајот на септември тој ја повика иранската влада „да ги реши проблемите на иранскиот народ наместо да користи репресија, насилство и апсења“.
На Даеи му е одземен пасошот поради тоа што го напишал на Инстаграм – објави реформистичкиот весник Хамихан.
Тоа што му се случи на Али е за жалење. Али го даде целиот свој живот за да го подигне иранското знаме, ја сака својата земја и нејзиниот народ и секогаш ја зборува вистината – изјави неговиот брат Мухамед.
Даеи беше еден од првите ирански играчи што се натпреваруваше во европските лиги, играјќи за германските клубови Арминија, Баерн Минхен и Херта Берлин. Во репрезентацијата на Иран одигра 149 натпревари и постигна рекордни 109 голови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран тврди дека уапсиле двајца припадници на…
Иранските власти велат дека уапсиле двајца членови…
Нетанјаху: 13 загинати во иранските напади, меѓу…
Тринаесет лица загинаа во иранските напади врз…
Македонското МНР активира контакт-линии за наши државјани…
Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток,…
Трамп му се закани на Иран: Ако…
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека…
Израелската војска ги предупредува Иранците да ги…
Израелската војска денеска ги предупреди иранските граѓани…