Бајден: Повлекувањето на руските трупи од Херсон е значајна победа за Украина
Повлекувањето на руските војници од Херсон е значајна победа за Украина, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден на прес-конференција на самитот на Г-20 во Индонезија.
„Ова е, пред сè, значајна победа за Украина“, одговори Бајден на прашањето на новинар да ја процени ситуацијата во Херсон.
Бајден додаде дека САД ќе продолжат да обезбедуваат воена помош за Украина.
„Нема да учествуваме во никакви преговори, бидејќи – ништо за Украина без Украина“, додаде тој. Шефот на Белата куќа истакна дека очекува „забавување“ на воениот конфликт во врска со претстојната зима.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…