Ковачевски: Преку дијалог најдовме заедничко решение со студентите

t

Во изјава по завршување на средба со студенстките здруженија премиерот Димитар Ковачевски изрази задоволство од заеднички постигнатото решение.

-Јас сакам да изразам задоволство што денес имаше навистина исклучително конструктивен дијалог помеѓу студенските здруженија, министерството за образование и пратениците. Особено пратениците кои што се занимаваат со оваа проблематика.

Драго ми е што се изнајде заеднички јазик, на задоволство пред се на студентите во однос на студенскиот оброк. Но се разговараше и за други аспекти на студенскиот стандард пред се во делот на инфраструктурата во студенските домови при што веќе се договоривме со министерот за образование дека и во тој дел ќе бидат направени максимални напори за унапредување на просторот во одредени студенски домови каде што не е на најдобро ниво.

Исто така се согласивме дека во одредени студенски домови веќе се направени позначителни инфраструктурни зафати. Во однос на решението ве информираше сигурно министерот веќе не би сакал да се повторувам. Но се потврди тоа што веќе го кажав на пресконференција дека студентите секогаш имаат право да го кажат својот глас, своите ставови. А на нас кои што сме во Владата и пратениците е тие ставови да ги сослушаат, да ги разговараат со студентите и да се дојде до решени кои што ќе биде на задоволство на сите.

Поминаа времињата кога некој можеше со студентите да се поигрува така како што сака бидејќи студентите се тие кои што се наши деца и кои што се иднината на оваа држава, а за која што иднина носиме одлуки да биде европска и да можат да живеат во услови какви што живеат нивните врсници и во Германија и во Австрија и во сите други земји на ЕУ, рече Ковачевски во изјава за Сител телевизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Тројца палестински студенти застрелани во Вермонт, еден…

Белец вооружен со пиштол пукал во тројцата…

Студентите не можат да се избањаат, домот…

Директорот им ја префрла вината токму на…