Песков: Резолуцијата на ОН за плаќање репарации на Украина е „формализација на грабежот” на Русија
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека резолуцијата на Генералното собрание на ОН за репарациите за Украина е „формализација на грабежот” на руските златни и девизни резерви.
-Се разбира, организаторите на овој процес се обидуваат да го завршат грабежот на нашите златни и девизни резерви, што се целосно незаконски блокирани. Всушност, тоа е формализирање на овој грабеж со помош на платформата на ОН. Оваа одлука не е правно обврзувачка, па ние сме категорично против тоа”, им соопшти Песков на новинарите во Москва.
Тој истакна дека „Русија ќе направи се што може” да го спречи запленувањето на замрзнатите руски средства и додаде дека „нема ни збор за обновување на украинските објекти” што беа уништени во борбите.
Генералното собрание на ОН вчера усвои резолуција со која Русија се повикува на одговорност за кршењето на меѓународното право против Украина, кое вклучува исплата на репарации.
Од 181 гласач, 94 држави гласаа за резолуцијата, 14 држави беа против, а 73 држави се воздржаа од гласање
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…