Објавено на:

Песков: Резолуцијата на ОН за плаќање репарации на Украина е „формализација на грабежот” на Русија

t

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека резолуцијата на Генералното собрание на ОН за репарациите за Украина е „формализација на грабежот” на руските златни и девизни резерви.

-Се разбира, организаторите на овој процес се обидуваат да го завршат грабежот на нашите златни и девизни резерви, што се целосно незаконски блокирани. Всушност, тоа е формализирање на овој грабеж со помош на платформата на ОН. Оваа одлука не е правно обврзувачка, па ние сме категорично против тоа”, им соопшти Песков на новинарите во Москва.

Тој истакна дека „Русија ќе направи се што може” да го спречи запленувањето на замрзнатите руски средства и додаде дека „нема ни збор за обновување на украинските објекти” што беа уништени во борбите.

Генералното собрание на ОН вчера усвои резолуција со која Русија се повикува на одговорност за кршењето на меѓународното право против Украина, кое вклучува исплата на репарации.

Од 181 гласач, 94 држави гласаа за резолуцијата, 14 држави беа против, а 73 држави се воздржаа од гласање

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…