“Омилената новинарка” на Путин за паднатите проектили: „Сега Полска има свој регион Белгород – Што очекувавте?

t

Руската новинарка Маргарита Симонјан, главен уредник на Russia Today се исмева со НАТО, откако ракети паднаа на полска територија каде загинаа две лица. 

„Сега Полска има свој регион Белгород. Што очекувавте? напиша Симонјан на Телеграм.

Таа изразува сомнеж во капацитетите на НАТО. „Ако ова не е намерна провокација, има една добра вест. Земја на НАТО е толку лошо одбранета што секој случајно може да ја погоди со било што, а целото НАТО нема ни да знае кој ја погодил, со што и зошто“, напиша таа.

Ракети убија две лица во полското село Пржеводов, на само неколку километри од границата со Украина. 

Украинската пратеничка Кира Рудик во интервју за Sky News утрово го коментираше вчерашното паѓање на ракета врз село во Полска. Таа рече дека без оглед на потеклото на ракетата, руската агресија е на крајот виновна за немилиот настан.  Вели дека дури и да им паднала ракетата во Полска, тие ги бранеле своите животи. 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави вчерашниот напад врз Полска најверојатно бил од воздушната одбрана на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…