“Омилената новинарка” на Путин за паднатите проектили: „Сега Полска има свој регион Белгород – Што очекувавте?
Руската новинарка Маргарита Симонјан, главен уредник на Russia Today се исмева со НАТО, откако ракети паднаа на полска територија каде загинаа две лица.
„Сега Полска има свој регион Белгород. Што очекувавте? напиша Симонјан на Телеграм.
Таа изразува сомнеж во капацитетите на НАТО. „Ако ова не е намерна провокација, има една добра вест. Земја на НАТО е толку лошо одбранета што секој случајно може да ја погоди со било што, а целото НАТО нема ни да знае кој ја погодил, со што и зошто“, напиша таа.

Ракети убија две лица во полското село Пржеводов, на само неколку километри од границата со Украина.
Украинската пратеничка Кира Рудик во интервју за Sky News утрово го коментираше вчерашното паѓање на ракета врз село во Полска. Таа рече дека без оглед на потеклото на ракетата, руската агресија е на крајот виновна за немилиот настан. Вели дека дури и да им паднала ракетата во Полска, тие ги бранеле своите животи.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави вчерашниот напад врз Полска најверојатно бил од воздушната одбрана на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…