Голем број млади на отворањето на нов штаб на Левица во Ѓорче Петров
Политичката партија Левица денеска го отвори новиот штаб во скопската општина Ѓорче Петров.
Зоран Велковски на Фејсбук сподели фотографија од отварањето и напиша:
“Левица – Ѓорче Петров,
пиреј сме, растеме и во најлоши услови.
Срцето ми се исполни вчера”

“ЛЕВИЦА ЛО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ОТВОРИ НОВА КАНЦЕЛАРИЈА
Левица е партија која постои и се гради да служи како инструмент за менување на овој систем кој им служи на елитите за сметка и штета на обичните граѓани.
Локалниот огранок на Левица во Ѓорче Петров, како дел од тој инструмент, е во постојан раст и веќе сериозен фактор и закана за децениското зло кое и се случува на Македонија, на општината Ѓорче Петров и нејзините граѓани. Оттука е и потребата и должноста да бидеме поблиску и подостапни за граѓаните, за нивните предлози и решавање на нивните проблеми.
Низ слики, дел од атмосферата од вчерашното отворање на новата канцеларија на Левица во Ѓорче Петров на ул. Ѓорче Петров 72.” – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…