Истрагата за бомбите ќе заврши наскоро, јавноста ќе биде известена за резултатите
„Постојат многу факти во истрагата за лажните дојави за бомби кои се утврдуваат. Зошто во Скопје, зошто прво во ЈСП, па во средните училишта? Сите информации и заклучоци ќе ги кажаме кога ќе заврши истрагата и ќе имаме реализација, што ќе биде за многу брзо“ изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека важно е да се сочува мирниот пристап на сите и покрај вознемиреноста и несигурноста и повика да не се политизира овој случај.
„Ваквите напади не се изолиран случај само во Македонија. Вакви напади има и во САД и во други земји-членки на НАТО и ЕУ“ рече Спасовски.
Министерот додаде дека штом се утврдат сите факти и сите податоци, во соработка со јавното обвинителство ќе се излезе со во јавноста и се ќе биде транспарентно објавено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Максимални безбедносни мерки на аеродромот во Софија:…
На софискиот аеродром денеска е примена дојава…
Аларм за бомба врати „Боинг“ назад во…
Патнички авион на лет од САД кон…
Лажна е дојавата за бомби во „Сити…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека дојавата…
Евакуиран „Сити мол“: Пристигнала дојава за бомба…
Евакуиран е трговскиот центар „Сити мол“, откако…
Пронајдена опасна рачна бомба во Кривопаланечко! Апел…
ДЗС: Пронајдена опасна рачна бомба во Кривопаланечко…