Прекин на производството на електрична енергија во Блок 1 во РЕК Битола: Ќе надоместуваат останатите капацитети

t

Од електроенергетскиот систем ноќеска околу полноќ е исклучен Блок 1 на РЕК Битола. Се работи за планско исклучување заради санација на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката. Преземени се сите чекори со цел интервенцијата да биде кратка и ефикасна и в понеделник блокот повторно да биде на мрежа, соопшти АД ЕСМ​.

Исклучувањето на блокот е планирано за време на викендот заради вообичаено намалениот конзум на електрична енергија во овој период од седмицата.

Електричната енергија од Блок 1 на РЕК Битола, АД ЕСМ ќе ја надомести со зголемување на производството во останатите свои постројки, како и со набавката на струја за која компанијата има веќе склучен договор до 20 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…

500.000 евра чинела патеката која се сопнува…

ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…

Внука се обидела да ги убие сопствените…

24 години од нападот кај Гајре, во…

Денес се навршуваат 24 години од нападот…

МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…

Од Министерството за образование и наука денеска…