Група републиканци бараат ревизија на средствата испратени од САД во Украина
Некои претставници на Републиканската партија во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, побараа финансиска ревизија на средствата што Конгресот ѝ ги додели на Украина од јануари 2021 година.
За ова информираше Марџори Тејлор Грин, членка на Долниот дом на Конгресот од Џорџија.
Поднесувам до Претставничкиот дом нацрт резолуција, со што бараме од претседателот на САД, секретарот за одбрана и државниот секретар, на Претставничкиот дом да му достават релевантни документи во врска со средствата доделени на Украина со одобрување на Конгресот од 20 јануари 2021 до 15 ноември 2022 година, појасни Грин во видео порака, јавија дел од руските медиуми.
Таа додаде дека „бара да се покрене ревизија за секој долар на американските даночни обврзници што во една или друга форма е префрлен во Украина”.
Барањето, покрај Грин, го потпишаа уште десетмина републиканци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…