Сега веќе ќе размислат за преговори: Османи бара Русија и Украина да седнат на маса!

t

Македонија ја осудува руската инвазија врз Украина, која претставува закана за мирот и меѓународниот поредок втемелен врз меѓународното право, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќањето на 43-та сесија на Министерската конференција на Франкофонијата, што се одржува денеска во тунискиот град Џерба.

– Македонија најостро ги осудува нарушувањето на демократијата, актите на тероризам, агресијата и сите форми на кршење на човековите права и  принципите на Повелбата на Меѓународната организација на Франкофонијата како и Повелбата на Обединетите Нации, истакна Османи пред своите колеги од земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата.

Тој воедно нагласи дека промоцијата на мирот и човековите права, се врвен приоритет на земјава, особено поради фактот што наскоро ќе претседава со Организацијата за Безбедност и Соработка на Европа (ОБСЕ).

Претходно Османи во видео порака од Џерба порача дека е почестен што може уште еднаш да ја афирмирам нашата приврзаност кон вредностите на Франкофонијата: демократијата, човековите права и културните различности и сето тоа преку францускиот јазик – јазик со голема традиција и светла иднина.

– Овој јазик и вредностите кои ги олицетворува ни овозможуваат да го прошириме кругот на пријатели ширум светот. Уште еднаш срдечен поздрав од Џерба до сите пријатели франкофони, додаде Османи во пораката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…