Пронајдена дрога во штипскиот затвор
Вчера попладне во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека кај 37 годишен осуденик била пронајдена марихуана,информираа од МВР.
„Од Казнено-поправната установа Затвор Штип, исто така било пријавено дека во ходникот на едно од одделенијата била пронајдена прашкаста материја. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје извршиле увид, а дрогата била одземена за понатамошна постапка. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ додадоа од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ученици од Скопје биле нападнати додека шетале…
Група ученици од Скопје биле нападнати во…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
Осомничен вработен во МВР, фалсификувал потврди за…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
Жена од Росоман почина од западнонилска треска
Жена од Росоман е единаесеттата жртва на…