Стејт департментот: Се надеваме на договор меѓу Косово и Србија во Брисел
Стејт департментот соопшти дека Соединетите Американски Држави се надеваат дека Косово и Србија во наредните денови ќе постигнат договор за прашањето за регистарските таблички, пренесува Радио Слободна Европа.
„САД се согласуваат со ЕУ дека неодамнешните настани се вознемирувачки и го загрозија важниот напредок постигнат во дијалогот што го води Европската унија“, се вели во писменото соопштение на Стејт департментот.
Исто така, се нагласува дека „сите страни мора да преземат чекори за намалување на тензиите и обезбедување мир и стабилност“.
„Акциите и реториката што ја зголемуваат можноста за насилство ги ставаат невините животи и животите на меѓународните мировници на терен на непотребен ризик“, соопшти Стејт департментот.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти треба да се сретнат утре во Брисел, во рамки на дијалогот за нормализација на односите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Земјотрес ја погоди Србија
Земјотрес со јачина од 3 степени според…