Таравари определил луѓе за комуникација со Ахмети: ДУИ ги “шитка” министрите на СДСМ за да направи место за Алијанса во Влада?

t

И додека премиерот Димитар Ковачевски негираше преговори со Алијанса за Албанците за влез во Влада, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека тој лично имал средби со претставници на Алијанса за Албанците за да преговара за учество во извршната власт. За ова сведочат и овие фотографии на претседателот на ДУИ Ахмети со Таравари во Собранието. На прашање за кои министри се преговара, Ахмети рече дека се уште не се разговарало за деталите.

„Јас остварив средби со Алијанса, односно со нивните претставници, Ковачевски имаше средба и со г. Таравари. Ќе видиме каков ќе биде епилогот од разговорите што ќе се водат меѓу партиите. Детали сè уште не се разговарани и не можам да прејудицирам во моментов бидејќи тоа е тековен процес“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Средбите со ДУИ ги потврдуваат и од Алијанса за Албанците. За Алсат од оваа партија велат дека претседателот Арбен Таравари делегирал партиски функционери да комуницираат со партијата на Ахмети.

„Имаме континуирани канали за комуникација со сите политички партии. Во оваа насока имаше средба на делегатите испратени од претседателот за средба со ДУИ. Ќе продолжиме да имаме ваков тип на комуникација со сите политички партии, а особено ќе има интензивна комуникација со албанските политички партии“, велат од Алијанса за Албанците.

Алсат неофицијално дознава дека во преговорите со АА во игра се неколку комбинации, почнувајќи од Министерството за правда за еден од преговарачите на Алијанса, Кренар Лога, Министерството за образование, Министерството за информатичко општество и администрација како и Министерството за Здравство. Според извори на Алсат, во  СДСМ, не биле задоволни од вакво наметнување, а немале намера ниту да отстапат од кое било министерство со кое раководат. Во случај на трампа меѓу Министерството за правда и  за екологија,  ДУИ ќе  направи простор за Алијанса со 2  министерства со кои раководат кадри од оваа партија, и Алтернатива со едно министерско место. До вчера, се зборувало и за позицијата на заменикот премиер за економски прашања Битиќи, но СДСМ не прифатиле, бидејќи тој  е потпретседател на СДСМ и последниот столб на концептот „Општество за сите“ со кои СДСМ ги зближи Албанците кон нив.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе…

Носителот на изборната листа четири на СДСМ…

Кoвачевски: СДСМ не прифаќа никакви условувања и…

„СДСМ не прифаќа никакви условувања и со…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Ковачевски од Неготино: Македонија треба да гласа…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва од…

Граѓаните што гласаа за ЗНАМ, практично, гласаа…

Максим Димитриевски и неговата партија ЗНАМ имаат…