Полицијата враќа украдени предмети во Штип
Полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија 22 кривични дела „тешка кражба“ од возила, извршени на територија на град Штип во периодот од 25.10.2022 до 16.11.2022. Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Д.А.(29), М.Ј.(19) и еден малолетник, тројцата од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените.
По комплетирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, а против осум лица кои ги откупувале украдените предмети ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „прикривање“, казниво по член 261 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ученици од Скопје биле нападнати додека шетале…
Група ученици од Скопје биле нападнати во…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
Осомничен вработен во МВР, фалсификувал потврди за…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
Жена од Росоман почина од западнонилска треска
Жена од Росоман е единаесеттата жртва на…