Лоши вести од Народна банка: Годинава економскиот раст ќе биде преполовен во однос на лани

t

Колкав економски раст ќе има годинава, Народната банка во своите есенски прогнози има две сценарија – поповолно, и помалку поволно. Во поповолното сценарио, годинава ќе ја завршиме со раст на БДП од 2,3 проценти, а во поневолното со 2 проценти. Тоа, практично е преполовување на на економскиот раст што сме го достигнале минатата година од 4 проценти.

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежовска рече дека есенските проекции се влошени во однос на априлските, а причина се влошените глобални прогнози како резултат на исклучително високиот раст на цената на електричната енергија која во август беше 650 проценти поголема во однос на крајот од минатата година, како и зголемената цена на гасот за 250 проценти. Исто така и ФАО индексот на храна годинава го достигна највисокото ниво.

Овие фактори придонесоа и за зголемени прогнози, како на глобалната, така и на нашата домашна инфлација.

– Овој шок на цените на примарните производи, заедно со јазот помеѓу побарувачката и понудата, резултира со големо забрзување на инфлацијата – рече гувернерката Ангеловска – Бежовска.

Оценките на Народната банка се дека годинава ќе има инфлација од 14,3 проценти, а дека наредната година ќе биде од 8 до 9 проценти, пред се зависно од порастот на цената на струјата на меѓународниот пазар. На среден рок се очекува враќање на историското ниво на инфлација на 2,4 и 2 проценти.

Во однос на висината на инфлацијата, споредено со пониските очекувања за ЕУ, но и во однос на сегашната состојба во регионот, гувернерката потенцираше дека исти мерки во разни земји даваат различни резултати, а тоа зависи од структурата на економијата.

– Колку што е поголема трговската отвореност, толку сме поподложни на надворешни шокови. Кај нас тровската отвореност е 140 проценти од БДП, во ЕУ таа изнесува 70 проценти. Потоа, кај нас храната и енергијата учествуваат со 50 проценти во потрошувачката кошница, а во ЕУ учествуваат со 30 проценти. Ако се погледаат стапките на инфлација во ЕУ и таму се различни – од 7 проценти во Малта и Франција до над 20 проценти во Балтичките земји, токму поради различните структури на економиите – рече гувернерката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…

НЕВИДЕН СКАНДАЛ ВО РОМАНИЈА: Речиси половина од…

Невиден скандал ја потресува романската престолнина Букурешт,…

Жена од Пехчево нападната од својот сопруг,…

На 18.11.2026 во 01:30 часот во Пехчево,…

Разбиена крајнодесничарска група во Пловдив која се…

Бугарската полиција приведе 11 лица, меѓу кои…