Разбиена крајнодесничарска група во Пловдив која се нарекувала „Ку-клукс-клан“, обвинети 11 лица

t

Бугарската полиција приведе 11 лица, меѓу кои четворица малолетници на возраст од 16 и 17 години, во акција против крајнодесничарска група во Пловдив. Групата се нарекувала „Ку-клукс-клан – дивизија Пловдив“, а тамошното обвинителство на 18 ноември подигна обвиненија против сите 11 лица за учество во расистичката организација. prb.bg

Според обвинителството, групата дејствувала од јануари 2025 година и преку интернет ширела крајнодесничарска идеологија и повици за насилство. Нејзиниот наводен водач, 32-годишен маж, е обвинет за поттикнување дискриминација, насилство и омраза врз основа на раса, боја на кожа, потекло, националност, етничка припадност и сексуална ориентација. prb.bg

Властите ја откриле групата во текот на истрагата за убиството на 37-годишниот Георги Кузев, извршено на 4 август годинава на Младинскиот рид во Пловдив. Според Бугарското национално радио, сите 11 лица првично биле задржани во полиција до 24 часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбиена крајнодесничарска група во Пловдив која се…

Бугарската полиција приведе 11 лица, меѓу кои…

„Нашата загуба никому не му значи ништо,…

„Нашата загуба никој не ја вреднува, на…

Посетителите евакуирани, врие полицијци и пожарникари: Пожар…

Пожар вечерва избувнал во подземниот паркинг на…

Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу…

Во текот на изминатото деноноќие, на различни…

Москва ја прозва Холандија по нападот врз…

Руската амбасада во Хаг реагираше откако „Дестинус“…