Економските политики на СДСМ даваат резултат: Просечната плата расте и во време на криза, вели Богоев
За СДСМ секогаш најважни биле интересите на граѓаните и тоа го покажуваме и за време на оваа светска економска криза, кога преку конкретни мерки го штитиме стандардот на граѓаните, истакна потпретседателот Стефан Богоев на трибината ,,Силно и одлучно кон иднината” што се одржа во Зрновци.
Богоев порача дека растот на минималната и просечната плата, растот на пензиите и пакетите помош кон граѓаните се доказ за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.
– Денеска излезе податокот дека просечната плата во септември оваа година изнесува 32.553 денари што за над 12 отсто повеќе отколку за истиот месец лани. Тоа, делумно се должи и на зголемувањето на минималната плата на 18.000 што го направивме во месец март оваа година. Покрај платите растат и пензиите само за неколку месеци од март до септември пензиите ги зголемивме за околу 10 отсто, а со двата пакета мерки обезбедивме над 750 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите, порача Богоев.
Потпретседателот Богоев истакна дека светската криза покажа колку е важно домашното земјоделско производство и затоа СДСМ преку Владата и Министерството постојано презема мерки за поддршка на земјоделците.
– И во оваа кризна година ги исплативме сите заостанати субвенции кон земјоделците. Подготвен е нов модел на субвенционирање кој ќе биде повеќе правичен а за првпат субвенциите кон земјоделците ќе се исплаќаат авансно за да ги имаат парите тогаш кога им се најпотребни, порача Богоев од Зрновци, пренесува Центарот за комуникации на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…