Економските политики на СДСМ даваат резултат: Просечната плата расте и во време на криза, вели Богоев

t

За СДСМ секогаш најважни биле интересите на граѓаните и тоа го покажуваме и за време на оваа светска економска криза, кога преку конкретни мерки го штитиме стандардот на граѓаните, истакна потпретседателот Стефан Богоев на трибината ,,Силно и одлучно кон иднината” што се одржа во Зрновци.

Богоев порача дека растот на минималната и просечната плата, растот на пензиите и пакетите помош кон граѓаните се доказ за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

– Денеска излезе податокот дека просечната плата во септември оваа година изнесува 32.553 денари што за над 12 отсто повеќе отколку за истиот месец лани. Тоа, делумно се должи и на зголемувањето на минималната плата на 18.000 што го направивме во месец март оваа година. Покрај платите растат и пензиите само за неколку месеци од март до септември пензиите ги зголемивме за околу 10 отсто,  а со двата пакета мерки обезбедивме над 750 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите, порача Богоев.

Потпретседателот Богоев истакна дека светската криза покажа колку е важно домашното земјоделско производство и затоа СДСМ преку Владата и Министерството постојано презема мерки за поддршка на земјоделците.

– И во оваа кризна година ги исплативме сите заостанати субвенции кон земјоделците. Подготвен е нов модел на субвенционирање кој ќе биде повеќе правичен а за првпат субвенциите кон земјоделците ќе се исплаќаат авансно за да ги имаат парите тогаш кога им се најпотребни, порача Богоев од Зрновци, пренесува Центарот за комуникации на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Џафери е добро решение за технички…

Сметаме дека Талат Џафери е соодветно и…

СДСМ: Мицкоски да излезе пред граѓаните и…

Од СДСМ порачуваат Христијан Мицкоски да не…

Се очeкува Јован Митрески да биде предложен…

Неофицијално се дознава дека на овој состанок…

Ковачевски ќе биде носител на пратеничка листа…

Премиерот Ковачевски вечерва во интервју за "360"…

Исфрустрирани кретени од ДПМНЕ и СДСМ, вие…

Трагично е што двете најголеми политички партии…