Добро утро со Инфомакс: Најгрдото поглавје во мојот роман ќе носи наслов “Од свои убиен”

t

Гане Тодоровски е поет, преведувач, есеист, литературен критичар, историчар, публицист. Роден е на 11 мај 1929 година во Скопје. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде што и докторирал на темата „Веда Словена и нејзините мистификатори“. Работел како новинар во Танјуг, „Млад борец“ и „Студентски збор“. Бил долгогодишен професор по хрватска литература и македонска литература – 19 век на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил претседател на ДПМ (1969-1971 и 1985/86), претседател на Советот на СВП (1970-1971) и бил одговорен уредник на списанието „Млада литература“. Амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. Член е на ДПМ од 1951 година. Член на Македонскиот ПЕН центар.Член на МАНУ.

Добро утро Македонци, во продолжение “Крсте Мисирков по 1903-та година”:

КРСТЕ МИСИРКОВ ПО 1903-та ГОДИНА

Знам, ќе ме ломат, и ќе ме сломат!
Силните секога се и прави и груби –
Туку најгрдото поглавје од мојот роман
ќе носи наслов: од свои убиен!

Ко сеништа ќе облетуваат крај мене,
ќе колват ко мршојади, кобно ќе грачат,
грижливо ќе ми сплетат трнов венец
и ковчег скапоцен приживе ќе ми порачаат!

Еј, век, испошаран со лути рани!
штом се судираат зборот и мечот нема дилеми –
Устата пепел наполни ја, камен стани,
јади го срцето полека и гледај вземи.

Ножот е нож, штом ти се готви нема шега,
функција тој е на доброто, но интимен со злото –
Ех, болка дива в срцето молска, стега,
кога на правдата се зарие до дното.

Сал еден потег доста е да е закана.
Галабу бел на моите македонски мисли, летни!
Железо ѕвецка, им светка метален сјај в рака
На неколкумина безочни и неприветни.

Оган ја вжарил мислата, таа е крик што јачи:
жив си $ нужен на татковината, гробови има доста!
Бидејќи за да значиш подолго треба да зрачиш
и трајна трага да оставиш!

И знај, до целта патишта има многу,
по еден или друг, до неа секако ќе втасаш,
затоа, со идеалите никога не се збогувај,
тие и поразените ги красат!

Та, што е поразот? Миг само! А идеалот – вечност.
Високо челото! Високо знамето на своите визии!
Вистината се провира низ противречности
за да се облагодари низ ризик!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…