2030 е реално време за исполнување на обврските кон ЕУ, смета Маричиќ

t

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на својот Фејсбук профил објави дека 2030 е реално време за спроведување на демократските реформи, одржлив напредок на земјата и постепено вклучување на единствениот пазар на ЕУ.

Маричиќ вели дека убава вест доаѓа од Европскиот парламент, кој денеска го усвои Извештајот подготвен од европратеникот на социјалдемократската партија (S&D), Тонино Пицула.

-Планот за новата стратегија за проширување има јасен рок: пристапните преговори треба да завршат до крајот на 2030 година. Проширувањето била и мора да остане една од најуспешните политики на ЕУ, но сега неопходно е да се активира со цел ЕУ да го зачува својот кредибилитет и да остане геополитички играч, пишува вицепремиерот Маричиќ.

Во овој Извештај се наведува и дека усогласувањето со заедничката надворешна политика на ЕУ е услов да се остане на европскиот пат.

Како што наведуваат од Секретаријатот за европски прашања, меѓу главните заклучоци од Извештајот се: Нема алтернативи за замена на проширувањето на ЕУ; Јасни рокови: пристапните преговори треба да завршат до крајот на 2030 година; Гласање со квалификувано мнозинство во областите релевантни за процесот на пристапување, освен конечната одлука, за подобрување на одлучувањето за да избегнеме билатерални спорови како алатка за блокирање; Финансирањето на ЕУ и неговите опипливи резултати мора да бидат повидливи во земјите на проширување; Наградување на земјите-кандидати кога тие ќе постигнат одржлив напредок, вклучително и со нивно постепено вклучување на единствениот пазар на ЕУ и реагирање на регресија или постојан недостаток на напредок во реално време….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…

(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…

САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…

САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…

Во тек е интервенција на пожарот во…

„Август е проклет месец“: Путин под притисок…

Украина му го отежна животот на Владимир…