Објавено на:

(ФОТО) Зошто германските репрезентативци си ги покрија устите пред мечот со Јапонија на Мундијалот?

t

Седум европски држави – Англија, Велс, Белгија, Данска, Германија, Швајцарија и Холандија – објавија пред почетокот на првенството дека нивните капитени ќе ги носат лентите и покрај забраната. Ова ја поттикна ФИФА да ги предупреди сите тимови дека прекршителите автоматски ќе бидат казнети со жолт картон.

Германските репрезентативци пред да го започнат својот прв натпревар на Светското првенство во Катар одржаа симболичен протест против ФИФА. Причината за тоа е забраната за капитените на тимовите да носат лента со натпис OneLove и боите на виножитото како поддршка на ЛГБТ заедницата.

Во Катар хомосексуалноста е забранета бидејќи Уставот на емиратот се заснова на шеријатскиот закон. Организаторите на спортскиот настан најавија дека апсолутно сите се добредојдени во Катар, доколку ги почитуваат законите на земјата и ја почитуваат локалната култура.

Седум европски држави – Англија, Велс, Белгија, Данска, Германија, Швајцарија и Холандија – објавија пред почетокот на првенството дека нивните капитени ќе ги носат лентите и покрај забраната. Ова ја поттикна ФИФА да ги предупреди сите тимови дека прекршителите автоматски ќе бидат казнети со жолт картон.

По тоа предупредување, некои од земјите се откажаа од своите намери – капитените на Англија и Велс излегоа со лентата одобрена од ФИФА на која пишуваше „Не на дискриминацијата“. Но, бундеслигашот не се помири целосно – пред мечот со Јапонија, играчите ги покрија устите, а потоа службено лице мораше да ја провери лентата на голманот и капитен на тимот, Мануел Нојер, кој намерно ја покри со ракавот.

Се испостави дека Нојер не ја носел лентата со виножито, а нејзината порака била поддршка на различностите и меѓусебното почитување меѓу различните заедници.

„Ова не беше политичка изјава – човековите права не се за дебата. Тие треба да се земаат здраво за готово, но сепак не се. Да ни се забрани лентата е исто како да ни го одземаш гласот“,

напиша националниот тим на Германија на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го обвини Бајден дека раководел со…

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го обвини…

Ковачевски: Повикуваме на општа мобилизација на сите…

„Иднината на Македонија е во Европската Унија,…

(Видео) Венко Филипче и Благој Бочварски возеа…

Венко Филипче и Благој Бочварски возеа по…

Ристовски во Шуто Оризари: Да ја сопреме…

Носителот на листата во ИЕ2 на Коалицијата…

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните,…

На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот…