Објавено на:

Шефот на украинската делегација за преговори со Русија: Состојбата е алармантна!

t

Шефот на украинската парламентарна партија Слуга на народот и шеф на украинската делегација на преговорите со Русија, Давид Арахамија, тврди дека руските сили планираат да извршат нови напади следната недела.

Како што напиша на Телеграм, тие планираат напади врз енергетските објекти во Украина.

„Следната недела би можела да биде многу тешка“, напиша Арахамија на Телеграм.

Тој додаде дека надлежните власти разработуваат различни сценарија за тој случај, пренесува украинската новинска агенција Интерфакс.

Одржани се многу обуки, разработени се акциите на експертите за енергетика и критична инфраструктура, секој знае што да прави. Се подготвуваме. Армијата се подготвува“, напиша Арахамија.

Тој ги повика граѓаните да се грижат за себе и за своите семејства, да складираат вода и храна и да ги наполнат своите телефони

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…