Снег вее на Плетвар и Стража
Во моментов снег вее на планинскиот превои Плетвар и Стража, затоа се препорачува внимателно возење. -Поради заладување во вечерните и ноќните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а и во некои од пониските места главно во западните делови. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а мала снежна покривка ќе се формира и на повисоките места во западните делови, најави Управата за хидрометеоролошки работи за вечерва.
За утре, пак, прогнозите велат дека во утринските часови на места ќе провејува снег, а во текот на денот ќе нѐ очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Екипите на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – Скопје соопштија дека ја следат состојбата на сите патни правци и планински превои низ државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гренланд ги демантира тврдењата на Трамп за…
Гренланд денеска ја оспори изјавата на американскиот…
Нетанјаху: Нема да го нападнеме Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не…
(Видео) ХАОС ВО ТИРАНА: Втора вечер судири…
Албанската полиција вечерва употреби водени топови против…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди…
Нов инцидент во Црното Море дополнително ја…
Контејнерски брод потона во близина на Ормуската…
Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина…