Штајнмајер утре во посета на Македонија
Скопје, 28 ноември 2022 (МИА) – Претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер утре доаѓа во дводневна официјална посета на Република Македонија.
Посетата на Штајнмајер, како што се наведува на официјалната веб страница на германскиот претседател, треба да се фокусира на ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресивна војна во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ.
Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Република Северна Македонија.
Во Скопје, како што е најавено, се планирани политички разговори на 29 и 30 ноември, меѓу другото, со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а Штајнмајер треба да се обрати и во Парламентот, да се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование, да разговара со филмската екипа на филмот „Медена земја“ и да го посети првиот ветерен парк во земјата во Богданци.
Германскиот претседател, според неговата агенда, се очекува утре напладне да има средба со Претседателот Стево Пендаровски, по што во 13 и 15 часот ќе имаат заедничка прес-конференција. Во 14 часот ќе се обрати во Собранието, а во 16 и 15 часот ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски во Влада.
На 30 ноември, Штајнмаер во Чифте амам ќе се сретне со филмската екипа на филмот „Медена земја“. Во попладневните часови ќе ги посети ветерниот парк во Богданци, а потоа германската компанија Дрекселмајер во Кавадарци.
Штајнмаер, потоа заминува во посета на соседна Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека…
(Видео) Русија масовно го нападна Киев, најмалку…
Бројот на жртви од масовниот руски напад…
Мала Преспа е доказ дека границите не…
Чест ми е што денеска сум меѓу…
Двегодишно дете заврши во болница во Куманово…
Двегодишно дете вчера завршило во кумановската болница…
Мицкоски: Правата на Бугарите во Македонија се…
„Политиката се темели на разговори. Јас сум…