(Видео) Реџепи ѝ одржа лекција на Андоновска: Ми се смеевте што го почитувам македонскиот јазик, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгуби и следните избори!

t

Директорот на ЈП “Паркови и зеленило”, Зухејер Реџепи, откако од страна на Трајко Славевски му беше одземано правото да зборува од говорницата во Советот на Град Скопје, на прес-конференција истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и на следните избори ќе изгуби затоа што ги дискриминираат сите различни од нив.

– На минатта седница имаше скандал за кој сакав да се осврнам на оваа седница но бидејќи од говорницата не ми беше дозволено да ѝ порачам на Марија Андонова дека и следните избори ќе ги загубат затоа што мнатата седница се иссмева затоа што се обратив на македонски јазик.

Ме иссмеа затоа шо го почитувам македонскиот јазик, ќе ги изгубат изборите затоа што дискриминираат и деградираат, го дискредитираат секој што е различен од нив, секој што зборува на различен јазик, не се демократи туку се диктатори.

Нека им служи на чест што не знаат да го почитуваат моето обраќање на македонски јазик, јас го почитувам македонскиот јазик повеќе од нив, а тие се исмеваат.

Денес не ми беше овозможено да зборувам од оваа говорница, се потврди и начинот на делување на Трајко Славевки кој дискриминаторно ми го одзема зборот.

Срамота е за координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска да дофрли од место дека не вреди да ме гледа и слуша и да излезе од салата, тоа само го докажуа нетрпението на ВМРО-ПДМНЕ кон нас Албанџите и сите различности, истакна Реџепи.

На претходната седница на Советот советниците од ВМРО-ДПМНЕ го иссмеваа директорот Реџепи поради тоа што реши да ги испочитува и да зборува на македонски јазик во Советот на Градот.

ЛИНК од прес-конференцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Захарова: Повикот на ОН за деескалација се…

Секретаријатот на ОН, изјавувајќи дека е неопходно…

Захарова: Загрозена е безбедноста на Балканот

Русија ги осудува провокативните антисрпски акции на…

Захарова: Макрон е смешен и води дволична…

Русија денеска го прекори Емануел Макрон затоа…