Драма во Гостивар: Маж ги нападнал сестра му и нејзиното дете со нож!

t

41-годишен жител на Гостивар вчера бил уапсен откако неговата сестра пријавила дека со нож ја нападнал нејзе и нејзиниот малолетен син, соопшти полицијата.

На 27.11.2022 околу 04.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода М.Х.(41) од Гостивар, кој претходно бил пријавен од неговата 42-годишна сестра дека физички ја нападнал и повредил неа и нејзиниот малолетен син. Според пријавеното, М.Х. во нападот користел и остар предмет, велат од МВР.

Осомничениот е задржан во Полициската станица во Гостивар и по целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гостиварец заминал на работа и исчезнал, по…

60-годишен гостиварец доцна синоќа бил пронајден починат…

Гостиварци нема да ги плаќаат фактурите за…

Со последната одлука на Општинскиот совет, гостиварци…

СДСМ: Зошто и по шест недели по…

Соопштение на СДСМ Зошто и по шест…

Прекината епидемијата во Гостивар – нема нови…

По периодот на зголемен број стомачни тегоби…