Хакери ја нападнаа веб-страната на Ватикан
Официјалната Интернет страница на Ватикан од денеска е нефункционална по очигледниот хакерски напад, соопштено е од седиштето на Римокатоличката црква.
-Во тек е истрага поради големиот број обиди за пристап до сајтот, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, без да даде дополнителни детали.
Британските медиуми наведуваат дека хакерскиот напад се случува еден ден откако Москва го критикуваше папата Франциск за неговата осуда на рускиот напад врз Украина.
Во интервју за списанието „Језуит“, папата ги издвои војниците од Чеченија и другите етнички малцинства од Русија, посочувајќи ја нивната особена „бруталност“ за време на војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров за посредувањето на Ватикан: Предлогот е…
Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ја…
Русија и Украина би можеле да преговараат…
Државниот секретар на САД Марко Рубио денеска…
Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е…
Ватикан го опиша исходот од разговорите во…
(Во живо) Лав XIV е првиот папа…
Новиот папа е Роберт Превост од САД,…
Со овации дочекан белиот чад на плоштадот…
Собраните на плоштадот „Свети Петар“ со ентузијазам…