Добро утро со Инфомакс: Ееејгиди Македонијо, некогашна мори славна империјо, денеска падната на колена да ги молиш тие што ги описмени
Ненадминливиот македонски писател, поет, раскажувач, голем Македонец, Петре Мито Андреевски, секоја љубов за која зборуваше и пишуваше ја споредуваше со љубовта кон татковината, кон Македонија.
Добро утро Македонци, во продолжение една мисла за Македонија од великанот Андреевски:
– Секоја ноќ те сонувам и си велам: Ееејгиди Македонијо, некогашна мори славна империјо, распослана на половина планета, од Пела па се до Персија, до Индија…
Денеска падната на колена, да ги молиш оние кои ги описмени, им ја отвори устата и ги научи да речат најпрвин Алфа и Омега… па Аз, Буки, Веди, па А и Б… Нив да ги молиш што ги научи дека рибата се јаде, дека дрвото се калеми и дека човекот се раѓа за да се љуби…
Нив да ги молиш сега, името распнато да ти го остават на 180 километри квадратни…
Тешко ми е Татковино, тешко многу ми е…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…