ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ ЗАПОЧНАА И ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА – уште едно објави дека попладнево добило заканувачка порака

t

По однос денешната информација за поставена бомба во ООУ „Кочо Рацин“ на Водно, Општина Центар ја информира јавноста дека станува збор за лажна дојава.

Оттаму информираат дека откако на мејл адреса на основното училиштето е упатена закана за поставена експлозивна направа, веднаш е пријавено во Министерството за внатрешни работи, по што полициски службеници веднаш го евакуирале училиштето.

– Преземени се сите мерки и антитерористички проверки, при што утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Ова е прва дојава за бомба во основно училиште, се наведува во соопштението .

Општина Центар информира и дека во соработка со надлежните институции ги презема сите неопходни мерки за заштита на учениците и сите вработени во образовните институции.

Во текот на денешниот закани за поставена експлозивна направа преку мејл беа уптени и до основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4, како и до осум средни училишта во Скопје.

По добиените пријави, од МВР потврдија дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џипинг за српска „Политика“: Нека светлината на…

Авторски текст на Претседателот на Народна Република…

Кампањата заврши, денес е изборен молк

Од полноќ стапи во сила молкот во…

Џипинг денеска во Белград – ќе го…

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска доаѓа во…

Приведени две лица поради основи на сомнение…

Денеска (06.05.2024) во 15.20 часот полициски службеници…