Синдикатот на УКИМ ќе преговара со Џафери за повисоки плати на професорите

t

 Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска ќе се одржи средба помеѓу одборот за преговори, предводен од претседателот на Парламентот, Талат Џафери и претставници на Сојузот на синдикати на УКИМ, предводени од проф. д-р Ангел Ристов.

Средбата ќе се одржи врз основа на барањето на Синдикатот на Скопскиот универзитет за мирно решавање на колективен спор со посредство на помирувачот, адвокатката Мимоза Салтирова, согласно Законот за мирно решавање на работните спорови.

– Со оглед на прифаќањето на предлогот за мирно решавање на спорот од страна на Собранието, како основач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, очекуваме да постигнеме договор со кој ќе се остварат нашите повеќегодишни барања за потпишување колективен договор на ниво на работодавец – УКИМ, унапредување на правата од работен однос и покачување на платите на вработените, се наведува во дописот од Ангел Ристов, претседател на Сојузот на синдикати на Скопскиот универзитет. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна пријавувањето за студии на УКИМ, слободни…

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска…

УКИМ продолжува да тоне: Го нема ни…

На штотуку публикуваната листа Глобал 2000 објавена…

Ќе се доградуваат недовршените згради кај Ректоратот…

Министерството за образование и наука најави дека…

Салата на УКИМ која чинеше 2,5 милиони…

Спортската сала на УКИМ, во која државата…