Чудно но вистинито: Лишен од слобода жител на Арачиново
Денеска (03.12.2022) во периодот од 05.00 до 08.30 часот од страна на Оперативниот тим потраги во содејство со припадници на Одделот за специјални полициски операции-ОСПО и полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на подрачјето на с.Арачиново, скопско, лишен е од слобода Н.Р.(49) од с.Арачиново.
За него била распишана централна потерница согласно наредба од Основен Кривичен суд -Скопје, со која се барал за издржување на казна затвор во времетраење од година и половина, во врска член 396 од Кривичниот законик, за неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.
Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен криминалец од Арачиново баран со потерница
Денеска (26.05.2025) околу 13:35 часот во с.Арачиново,…
Во Арачиново уапсено лице барано со централна…
Денеска (18.04.2025) околу 08:30 часот во с.Арачиново,…
Арачиновец им извадил пиштол на работници на…
55-годишен жител на скопското село Арачиново вчера…
Обид за убиство во Арачиново – МВР…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.П.(20)…
(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…
Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…