Левица вели власта е лицемерна кон лицата со попреченост: Наместо 100% посебниот додаток зголемен за 15%

t

Левица ја обвинува власта за лицемерие кон лицата со попреченост.

– Премиерот Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Тренчевска по повод одбележување на Светскиот ден на лицата со попреченост се сретнаа со неколку здруженија на овие лица и ветија подобрување на нивната состојба во државата.

Ветувањата за подобро утре и оваа година не ги одминаа лицата со попреченост, но традиционално досега, лицата со попреченост од Владите на СДСМ и ДПМНЕ и нивниот коалиционен партнер ДУИ добиваа само ветувања.

Премиерот и надлежната министерка се сеќаваат на лицата со попреченост само на 3-ти Декември, додека во текот на останатите денови во годината, тие се тотално заборавени и од Владата и воопшто од системот.

Со години наназад лицата со попреченост добиваат само ветувања, но реално не е направено речиси ништо за подобрување на нивната положба во општеството.

Немаат пристапни тротоари, немаат пристапни рампи до сите институции, повеќето лекови не се на позитивната листа, а некои воопшто и ги нема во државата, а паричните додатоци со години не се зголемени, а оние што се зголемени, се зголемени минимално, како на пример посебниот додаток кој наместо 100 % зголемување како што предлагаше Левица, Владата го зголеми за 15% .

Затоа ги потсетуваме премиерот Ковачевски и министерката Тренчевска дека не раководат со невладина организација, туку со министерство, односно Влада, каде што имаат реална моќ да ја сменат состојбата и положбата на лицата со попреченост, но очигледно тоа ним воопшто не им е приоритет. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Ковачевски од Неготино: Македонија треба да гласа…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва од…

Граѓаните што гласаа за ЗНАМ, практично, гласаа…

Максим Димитриевски и неговата партија ЗНАМ имаат…

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

Сопругата на Апасиев: Ако те плукаат СДС,…

Ако те плукаат СДС, ДПМНЕ, Алијанса и…