Поради најавено уништување на свињи – жителите излегоа на протест и го блокираа патот

t

Жителите на кумановското село Тромеѓа, денеска протестираа и го блокираа патот кон нивното село поради, како што велат најавено уништување на свињите во одгледувалиштата во селото. Тие велат дека присуство на африканска чума е регистрирана само кај едно животно, кое како што кажаа е купено од друго место.

– Најдено е едно животно кое е уништено, иако е донесено од друго село. Наше барање е да се испитаат свињите, да не се уништуваат зашто 99 проценти од свињите се здрави. Ние самите сме свесни, ако се појави нешто, тогаш самите ќе пријавиме и ќе дозволиме уништување на свињите, изјави Владан Станојковски, заменик-претседател на месната заедница село Тромеѓа.

Одгледувачите добиле информација дека од среда ќе почне уништувањето на свињите. Жителите велат дека присуствувале на состанокот со претставници на АХВ кој се одржа пред месец дена со жителите од другите села од кумановско. Тогаш им било посочено дека без преглед никој не смее да влезе во одгледувалиштата.Жителите велат дека имаат и фармери и сега се прашуваат што ќе прават на храната која макотрпно ја собирале, велат дека имаат и регистрирани земјоделци и сточари и дека на овој начин се уништува ситниот земјоделец.

– Се ништат свињите само во села каде живее српска етничка заедница. Имаме 40-тина одгледувачи. Ниту еден од претставниците на српската заедница во парламентот, ниту власта, ниту опозицијата не дојдоа да нè поддржат, изјави Далибор Младеновиќ.

Одгледувачите бараат средба со претставници од МЗШВ и АХВ.

Првиот случај на африканска чума во кумановско беше регистриран на почетокот од октомври, годинава

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските телевизии ја прекинаа програмата во сеќавање…

Сите телевизии во Србија ја прекинаа програмата…

(Видео) Оро на Прешево, Србите кои чекаа…

Празничниот продолжен викенд создаде долги колони на…

Кавга меѓу Шпанија и Аргентина- сѐ почнало…

Неговата изјава доаѓа откако шпански министер навестил…

Шефот на британската дипломатија: Испраќањето НАТО војници…

Министерот за надворешни работи на Британија Дејвид…

Лајчак: Вучиќ и Курти имаат мандати за…

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот…