Заканувачки дојави и во Германија: Евакуиран дел од Дизелдорф
Полицијата во Дизелдорф превентивно го евакуирала и затворила божиќниот пазар во стариот дел на градот, откако добила дојава за опасност, објави германскиот весник „Билд”.
Весникот наведува дека полицијата го евакуирала пазарот откако неименувано лице се заканило дека ќе помине со камион низ пазарот.
Пред нешто повеќе од една недела, полицијата во Берлин ги затвори патиштата и ја зголеми безбедноста околу божиќниот пазар Александарплац поради телефонски закани.
Берлинер цајтунг потоа објави дека непознато лице и се заканувало на полицијата дека ќе ги прегази посетителите со својот автомобил.
Дванаесет лица загинаа, а 50 беа повредени во терористички напад со камион на божиќниот пазар во Берлин на 19 декември 2016 година, за кој одговорноста ја презеде Исламска Држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
Судот одлучи дека Германија не смее да…
И покрај пресудата во корист на мигрантите…