Објавено на:

Шефот на иранската дипломатија Амир-Абдолахиан ги отфрли критиките поради полициското насилство и ги обвини САД

t

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан денеска ги отфрли критиките на сметка на неговата земја поради репресијата врз демонстрантите кои веќе со недели на улиците го искажуваат незадоволството од состојбата во таа држава, обвинувајќи ги САД дека поттикнуваат нереди за да ја соборат сегашната власт во Техеран.

Тој во текот на денот беше во работна посета на Сараево, каде за билатералните односи разговараше со официјални претставници на Босна и Херцеговина, а по состанокот со министерката за надворешни работи, Бисера Турковиќ изјави дека Иран ги отфрла критиките на државите, како што се САД поради прашањата поврзани со човековите права.

Одговарајќи на прашања од новинарите за состојбата во Иран, протестите кои траат од септември и нивното насилно задушување, тој изјави дека изминатите осум недели бил „врвот на странското мешање со поттикнување неред и терор“, а за се ги обвини САД.

– Ниту едно лице во Иран не страдало во пукотници на силите за безбедност, рече шефот на иранската дипломатија, кој тврди дека 67 полицајци се убиени во текот на сузбивањето на протестите, за што ги обвини „екстремистите кои ги поттикнуваат САД“, бидејќи сакаат контрола над иранската нафта и другите енергенси.

Тој истакна дека Иран е загрижен поради војната во Украина и на таа војна се противи на ист начин на кој се противи и на вооружените судири во другите делови од светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсовски и Каевски тврдат дека против нив…

Наумче Мојсоски и Дарко Каевски демантираат злоупотреби…

75-годишен маж се самозадоволувал во парк во…

Вчера во 12.35 часот полициски службеници од…

Пронајдено исчезнато 5-годишно дете во Сарај

Денеска (01.05.2024) околу 18.15 часот во Сарај…

Траги-комедија: Скопјанец паднал во шахтa

С.К. од Скопје вчера паднал во отворена…

Македонската амбасада во Тирана објави телефонски броеви…

Пред почетокот на главната туристичка сезона во…