Бенетон – прв концептуален моден бренд
Модата како бренд(5.)
Бенетон – прв концептуален моден бренд
Глобален моден бренд, вбројуван меѓу најпознаите и најатрактивните во светот. Бренд кој поседува интернационален стил. Тој атрибут го стекна благодарејќи на кул стилот заснован на хармонија на боите и на авангардната бенетон филозофија промовирана преку неверојатните реклами на Оливеиро Тоскани. Бенетон стилот е неверојатна и исклучителна комбинација на бои, енергија и практичност. Продуцира колекции за женска, машка и детска облека. Нуди тотален look за секој ден, за работа, разонода, и за излегување во град и прошетка во природа.
Бенетон е компанија од Италија присутна во 120 земји, а своите артикли ги продава во околу 5000 продавници. Преку своите продавници годишно продава 115 милиони модни парчиња и остварува 1,7 милијарди евра приход во годината. Позната е по тоа што слоганот од нејзината прва кампања “Обедниети бои на Бенетон“, всушност стана нејзин заштитен знак, лого-име на брендот. Тоа е единствен случај во светот. Произведува и продава производи под брендовите Benetton, Play Life, Sisley и Killer Loop. Благодарение на посебните специфрични промотивни кампањи оваа модна куќа создаде многу високо ниво на свест за брендот Бенетон.
Инаку овој бренд е познат по свежината и силината на боите на Бенетон артиклите, без разлика дали станува збор за џемпер, маица, кошула или фармерки/панталони. Има свој истражувачки, и нформатички икултурен центар наречен “Фабрика“, во кој оспособува и специјализира млади талентирани дизајнери, графичари, фотографи, филмски и и музички работници од целиот свет. Заштитен знак на Бенетон се контраверзните кампањи во стилот гол сопственик со лист од смоква, бакнеж на свештеник и чесна сестра, бело новороденче на гради на црнкиња, претставување на внатрешни човечки органи, сликање на осуденици на смрт во САД и слично. Без исклучок сите промотивни кампањи на Бенетон предизвикуваат внимание, а најголем број од нив се и успешни. Исто така брендот е препознатлив и по добрата архитектура на своите фабрики и по нивниот препознатлив дизајн.
За се во врска со Бенетон најзаслуќни се три имиња: Лучијано Бенетон, идејниот творец на концептот Бенетон. Оливиеро Тоскани, пакосното момче на рекламниот бизнис и вистински гуру на маркетингот, и Тобио Скарпи, главниот за архитектура, дизајн и стил. Смислата за маркетиншка провокација на оваа креативна тројка е надвор од секакви лимити. Нивното настојување да привлечат внимание, да лансират необични и неочекувани модни детали, да предизвикаат ‘’buzz’’, да провоцираат, со тек на времето ја трансформираа во ненадмината креативна деловна стратегија, Бенетон стратегија. Најголемиот “вниновник“ за авангардната бренд филозофија на Бенетон е генијалниот Тоскани.
Тој е оригинален во начинот на рекламирање и интерпретирање на рекламната уметност. Делата на Тоскани, со логото “Обединети бои на Бенетон“ се светска авангарда во областа на бренд кампањи. Бенетон е и општествено одговорен бренд кој спроведува кампањи од типот на „испразнети ги своите ормари“ (обезбедени 460 тони облека за сиромашните) и кампањата “World Food Programa“ со која се обезбеди милиони тони храна за сиромашните, гладните, протераните и бездомниците. Еден од ретките светски брендови кој обезбедува супер оптимални работни услови за сите вработени, а синдикатите ги третира како рамноправни партнери во заедничкиот бизнис. А како овој бренд стана прв најкул бренд за деца, млади и стари, читајте во следната колумна, кога ќе ви ја претставам најуспешната кампања за моден бренд – “Обединетите бои на Бенетон“.
(продолжува)
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бенетон – прв концептуален моден бренд
Модата како бренд(5.) Бенетон – прв концептуален…
Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…
Колумната е кратка приказна за селските и…