Албанската ЦИК ќе ги казнува партиите кои ја надминале максималната граница на трошење за изборите

t

Албанската Централна изборна комисија денеска ги објави казните за полтичките партии кои ја надминале максималната граница за трошење во кампањата за парламентарните избори, што се одржаа на 25 април минатата година.

-Казните се движат од 100 илјади до 5,5 милиони лека. Единствена партија учесник во изборите што избегна казна е Партијата на слободата, порано Движење за социјалистичка интеграција, изјави Илиријан Целибаши претседател на ЦИК.

Највисока казна, во износ од 5,5 милиони лека (46.000 евра) доби владејачката Социјалистичка партија, опозициската Демократска партија 700.000 лека (5.880 евра), две парии се казнети со по 100.000, четири со по 500.000, додека пет партии со по 600.000 лека.

Според Целибаши, партиите кои се казнети го надминале максималниот лимит на трошоци во изборната кампања по кандидати и политички субјекти. Предметните одлуки доаѓаат по ревизијата направена од правни експерти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската амбасада во Тирана објави телефонски броеви…

Пред почетокот на главната туристичка сезона во…

По Призрен, Али Ахмети прогласен за почесен…

Советот на општина Тирана на денешната седница…

Се празнат затворите во Албанија, стапи на…

Во Албанија од денеска почнува имплементацијата на…

Нов рекорд за албанскиот туризам: 1,7 милиони…

Премиерот на Албанија, Еди Рама преку објава…

Се очекува да ја престигнеме Србија: Македонија…

Македонија е втора земја во регионот според…