Приведено лице по распишана централна потерница

t

Полициски службеници од тим Потраги од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар во содејство со  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска во 07:45 часот на бул.„ВМРО“ на подрачјето на Центар, го лишиле од слобода Р.С.(32) од Скопје.

Како што информираат од МВР, тој бил осуден на казна затвор во времетраење од 2 години и 6 месеци, а се барал по централна потерница, по наредба на Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен криминалец од Арачиново баран со потерница

Денеска (26.05.2025) околу 13:35 часот во с.Арачиново,…

Приведен криминалец баран со потерница за затворска…

Во Скопје денеска е приведен криминалец кој…

Пронајдени таблети кај осуденик во штипскиот затвор

Од затворот Штип вчера било пријавено дека…

Kриминалец баран со потерница за казна затвор…

Криминалец баран со потерница за казна затвор…

(Видео) Ужасни услови во затворот во Куманово

Нема вода, а тоалетот кој го користат…