„Сами Сме Дома”: Нова хит новогодишна детска претстава во Дом на АРМ оваа сабота
„Сами сме дома” нова хит новогодишна детска претстава во Дом на АРМ оваа сабота Модерната, забавната и интерактивната новогодишна детска претстава „Сами сме дома“ во која глумат 70 ученици од актерската школа на Весна Петрушевска ќе се прикажува во Дом на АРМ, оваа сабота, 10ти декември, со почеток од 12 часот која е веќе распродадена и од 14 часот за која сеуште има карти.
„Драги деца и родители повелете да ја проследите новата хит новогодишна детска претстава „Сами сме дома“ која премиерно ќе биде оваа сабота од 14 часот во Дом на АРМ. Картите можете да ги резервирате преку контакт телефонот 078/227-316. Со претставата сакаме да им покажеме на своите деца дека можат да ги допрат ѕвездите!“ вели актерката Весна Петрушевска. Таа додава дека да се работи со деца е огромен предизвик. Тие на првиот час доаѓаат не знаејќи дека за да бидеш актер треба да го живееш актерскиот сон. „Искрена да бидам со многу работа, домашни работи и љубов моите ученици прераснуваат во мали актери кои на публиката можат да им ја пренесат сета среќа и тага од драмските текстови. Токму тоа го кажувам со самодоверба затоа што знам колку напорно како сме работеле заедно за да го постигнеме истото.” додаде Петрушевска.
Посветеноста на Весна Петрушевска кон најмалите љубители на пишаниот збор и театарот е голема. Од еден актерски час или проба во актерската школа секој ќе сфати дека тоа е единствено магично место, посветено на децата, каде се дава љубов и поддршка од децата за децата, каде се забавуваат но и учат и работат како вистински професионалци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Преподобниот маченик Дометиј
Роден е во Персија како незнабожец, во…
Пеколни горештини со температури до 40 степени…
Сончево и многу топло со мала до…
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…