Објавено на:

Кулеба верува дека Западот не сака убедлива победа на Украина и враќање на Крим: Смирете се, ако се распадне Русија нема да пропадне светот!

t

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба рече дека не сите на Запад се среќни поради можна украинска победа.

Дестабилизацијата и распаѓањето на Русија во случај на пораз во војната не треба да го плаши Западот, бидејќи тоа „нема да доведе до колапс на светот“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба во интервју за „Волстрит журнал“.

Според него, Западот не треба да размислува како да ѝ помогне на Русија да преживее. „Време е да се прифати фактот дека Русија не може да биде нормална членка на меѓународната заедница“, рече Кулеба. „Не мислам дека светот ќе се распадне ако Русија се распадне. Но, Русија ќе се распадне од сопствените граѓани, како што се случи со Руската империја“, додаде тој.

Според украинскиот министер за надворешни работи, не на сите на Запад им се допаѓа изгледот за убедлива победа на Киев, во која тој ќе ја врати контролата не само над регионите Луганск и Доњецк, туку и над Крим. Некои веруваат дека тоа ќе доведе до „целосна дестабилизација на нуклеарната руска држава“ и „непредвидливи резултати за целиот свет“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…