(Видео) Чепреганов и Ачкоска распалија по историската комисија: Да се распуштат, Македонија сама си ја проблематизира историјата

t

„Македонија сама си ја проблематизира историјата со потпишувањето на договорот со Бугарија и ќе следуваат уште понепријатни ситуации’ – смета историчарот Тодор Чепреганов. Тој порачува дека историската комисија треба да се распушти, затоа што со овие преговори македонската историја добива бугарски наратив.“ – објави ТВ Вис – Струмица.

ТВ Вис пишува: „И професорката Виолета Ачкоска го дели истиот став. Според неа Македонците се доведени во апсурдна ситуација да докажуваат дека во Втората светска војна се бореле против фашизмот, кога тоа е општо познат факт. За неа заеднички може да се чествуваат единствено празниците кои се дел од светската историја како што се Денот на Обединетите Нации и Победата над фашизмот.“

„За да се надминат недоразбирањата, историјата треба да им се препушти на научниците и да не е дел од политичките договори, смета претстедателот на здружението на историчари, професорот Митко Панов.“

„Историчарите сметаат дека членовите на комисијата треба да го слушаат гласот на науката, а не да реагираат на одредени политички контексти кои ги врамуваат во некоја политичка слика која не е рефлексија на нешто што треба да биде наука.“

„Научници, истражувачи, историчари се дел од научен собир, што го организира струмичкиот музеј. Темата е Епаминонда Поп Андонов и народноослободителното и антифашистичкото движење во Втората светска војна.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…