Далиќ: Ние не сме нормални!

t

Хрватскиот селектор Златко Далиќ после новиот историски успех со трето полуфинале во историјата после тие во 1998 (бронза) и 2018 година (сребро) посочи дека победата против најтрофејната нација Бразил вечерва во четвртфиналето е победа за хрватскиот народ.

Хрватска е непобедлива во пенал-рулет, па ја продолжи серијата започната уште во Русија со триумфите против Данска и Рисија, а продолжена сега против Јапонија и Бразил. Хрватска има само еден пораз на Светските првенства во 12 меча и тоа финалниот со Франција пред четири ипол години.

„Ова е победа за хрватскиот народ. Секоја чест на дечките. Го исфрливме најголемиот фаворит. Ова е Хрватска. Никогаш не не потценувајте, јас го реков тоа. Ова не е наш крај, одиме понатаму. Ова е победа на Хрватска во која сите дадоа свој максимум. Уживајте хрватски бранители, ова беше и за вас. Ние не сме нормални!“, рече Далиќ.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев лут на ЕП за критиките за…

Бугарскиот премиер Румен Радев реагира за резолуцијата…

Петровска: На СДСМ му треба лидер со…

Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да…

Германија уапси Украинец осомничен дека собирал воени…

Германските власти уапсиле украински државјанин во покраината…

ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд

Европскиот парламент одлучи наградата „Сахаров“ за слобода…

Луѓе гинат и во ЕУ“: Морнарите бараат…

Синдикатот на морнари на Хрватска побара морското…