Херојот на Хрватска пред неколку години беше близу аматерски фудбал
Погодокот што го постигна Петковиќ е најважен во кариерата на 28-годишниот напаѓач на Динамо Загреб за хравткиот фудбалер. Интересно е дека овој офанзивец пред само неколку години беше на прагот да заврши меѓу аматерскиот фудбал.
Уште како тинејџер Бруно заминал во Италија да ја гради кариерата, а прва станица му е младинскиот тим на Катанија. од 2013 до 2016 година е член на Катанија, но како позајмен игра е дел и од Варезе, Реџијана и Виртус. Потоа една сезона е дел од Трапани. Сите овие клубови се далеку од италијанската елита.
Петковиќ се обиде да се докаже и во Верона и Болоња, но не успеа, па во 2019 годна се врати во Хрватска и потпиша за Динамо Загреб. Со овој трансфер не само што Петковиќ ја спаси кариерата, туку го покажа целиот свој квалитет и стана репрезентативец на Хрватска. Во дресот на Коцкестите одигра 27 меча и постигна седум гола, а сигурно овој против Бразил ќе го памти засекогаш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев лут на ЕП за критиките за…
Бугарскиот премиер Румен Радев реагира за резолуцијата…
Петровска: На СДСМ му треба лидер со…
Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да…
Германија уапси Украинец осомничен дека собирал воени…
Германските власти уапсиле украински државјанин во покраината…
ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд
Европскиот парламент одлучи наградата „Сахаров“ за слобода…
Луѓе гинат и во ЕУ“: Морнарите бараат…
Синдикатот на морнари на Хрватска побара морското…