Светски икони – мода, филм, музика, стил(13.1) – Одлики на Синатра стилот(втор дел)

t

Френк Синатра уште на почетокот на својата кариера, после првичните успеси, многу брзо се прилагодува на статусот на ѕвезда. Тоа пак подразбираше бурен живот, многу забави, пијанки, љубовни афери. Фановите го ценеа и според баршунастиот глас и убавите песни, но и според стилот што го одликуваше. Секогаш дотеран, отмен и скоцкан како џентлмен.

Однесувањето опуштено, повеќе од лежерно, а изгледот повеќе од господин кој зрачи со енергија која привлекува.
Познато е дека неговите песни се познати, слушани и сакани низ целиот свет. Добрата мелодија, кадифениот глас и романтичниот стил на пеење во негово време го направија ѕвезда број еден. Покрај пеач и актер, беше и надежен режисер, профитабилен продуцент и слушан, гледан и посакуван шоумен. Така, пред светот да полудe по Елвис и Битлси, родена е синатроманијата, а точкестата вратоврска, која Синатра ја носеше, стана моден хит. Инаку, тој секогаш беше чист, уреден и елегантен. Најчесто облечен во класичен стил, а некогаш и помалку гангстерски.

Која е тајната на стилот на Синатра?

Негов основен заштитен знак го сочинуваа префинетоста и независноста. ‘’Ќе направам се што треба, но на мој начин’’, е став со кој Синатра уште за живот стана легенда. Крајниот резултат беше лежерна елеганција, зајакната со неколку мачо фазони, мала доза на сентименталност, неопходна машка лојалност, нагласена индивидуалност, и доволно добри манири, кои од секогаш го дефинираа поимот на џентлмен. Покрај неизоставливиот федора шешир, свилената машна и беспрекорно сошиениот костум, секогаш околу него беа и убавите жени, цигарите и вискито – Џек Даниелс, кое од милина го нарекувал ‘’нектар на боговите’’.

Познат е и по тоа што припаѓал на групата актери кои се собираше околу Хемфри Богарт, која од шала ја нарекувале ‘’Дружината на глувците’’. Подоцна со тоа име ќе се нарекува музичко-актерскиот клан, собран околу Синатра, составен од Дин Мартин, Семи Дејвис Јуниор, Џој Бишоп и Питер Лоуфорд. Сите нив ги поврзувала страста кон коцкање, и провод со многу пиење и жени. Ќе го паметиме по златните и дијамнтски плочи, 1414 музички снимки, 250 милиони продадени плочи, касети и ЦД, 58 филмови, и незаборавните актерски остварувања во нив, Греми(13 награди) и другите музички награди, и секако освоениот Оскар за улогата во филмот ‘’Одовде до вечноста’’, а можеби најмногу, по тоа како пееше во исповедната и најлична песна ‘’My Way’’ – сакаше, се смееше, плачеше и стоечки го прифати својот дел од победата и поразот во животот. Без срам, на крајот на патот можеше да каже дека се работеше на свој начин. Бидејќи, што е човекот, што има, ако се нема себе си?

Кои се основните карактеристики на “Синатра стилот“?

Лежерно движење, без напор, но со авторитет; Самоувереност, но не и развратност, туку свест за тоа дека добро изгледате, и дека другите се свесни за тоа; Лојалност и грижа за ‘’малиот човек’’; Способност да бидете и ранливи и осамени, покрај фактот дека сте главни во екипата; Беспрекорно сошиено одело; Страст, понекогаш и премногу; Нема бегање и отстапување од затегнати ситуации. Што било, поминало; Живот по правила, но сопствени, а не туѓи; Сакате алкохол, но не и да сте пијаница; Сопствените лузни ги носите горделиво. Тие ве прават тоа што сте. Се на се вистинска легенда уште за живот. Музичка и актерска ѕвезда која имаше и сеуште има големо влијание на американската и светската култура.
Ете тое беше Синатра. И тоа сеуште е “Синатра стил“. Посебен, неповторлив. Еден, единствен.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Талески: Има одговорност кај Гаши, но ВМРО-ДПМНЕ…

Во овој краток период откако оваа влада…

12-годишно момче во Косово нашло 2.500 евра…

Дванаесетгодишно момче во Скендерај во полициска станица…

Иран: Не летајте низ нашиот воздушен простор

Иран ги советуваше цивилните авиокомпании ширум светот…

Голем инцидент во затворот во Шутка: Претепани…

Како што дознавам Инфомакс денеска во затворот…

Каталонската полиција го пребарува Парламентот и околината…

Каталонската полиција, во обид да го спречи…