Бехтел и Енка отвораат нови 1200 работни места во пелагонискиот регион

t

Министерот за транспорт Александар Николоски присуствуваше на денешниот саем за вработување во Прилеп, во организација на Бехтаел-Енка, a истакна дека причината зошто се тука е многу значајна.

-Со забрзување на динамиката на изведба на автопатот Прилеп – Битола со отвораат нови 1200 работни места, со можност за вработување на исто толку луѓе, што за целиот пелагониски регион претставува огромна можност, изјави Николоски.

Тој истакна дека е огромна можност за луѓе да најдата работа но исто така да стекнат искуства и знења кои што е ретка прилика да се стекнат бидејќи не се гради секој ден автопат.

-Ова е можност за малди луѓе кои што завршуваат градежен или архитектонски факултет, за малди инженери, но исто така и за градежни работници, квалификувани и неквалификувани, потенцира Николоски.

Николоски истакна дека се отвораат работни позици за: градежни и сообраќајни инженери, геодети, технилки и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи, квалификувани и неквалификувани градежни работници.

Саемот за вработување ќе трае неколку дена, а како што што потенцира Николоски, компанијата Бехтел и Енка котира како конкуретна градежна компанија во земјата и во знаење и во добро платени работни места.

-Секако, ова е само почеток и е прв ден. Можноста ќе биде отворена, еве, повторувам уште еднаш, се отвораат 1.200 работни места. Она што исто така сакам да го кажам е дека двете компании, Бектел и Енка се на врвот кога ќе го видите просекот на исплатена месечна нето плата. Имено, просек за 2025 година е 137.000 денари, а тие немаат плата под 60.000 денари. Што значи, зборуваме за исклучително добро платени работни места и затоа би сакал да ги мотивирам сите жители на Прилеп, но и на останатите општини, на Могила, на Новаци, на Росоман, на Кривогаштани, на Крушево, на Демир Хисар, на Ресен, на Битола, да аплицираат и да си го најдат своето работно место овдека, имајќи предвид дека во наредните три години ќе има доста интензивни активности, изјави Николоски.

Тој, заедно со претставниците од Бехтел и Енка, со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, заменик министерот за економија Марјан Ристески и пратеници, ги презентираа можностите, условите за вработување, како и динамиката за изградба на автопатот Прилеп-Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Наместо капитални инвестиции, нови 54 вработувања…

Од политичката партија Левица реагираат на годишниот…

Србија бара да вработи 5.000 лекари и…

Северниот сосед има потреба од работници. На…