Објавено на:

Украинците го напаѓаат Мелитопол: Погодена црква!

t

Градоначалникот во егзил, Иван Федоров, вели дека во Мелитопол десетици луѓе се убиени.

Федоров тврди дека нападот ја погодил црквата која Русите ја претвориле во собирно место.  Украинската страна вели дека градот Мелитопол е клучен за одбраната на југот.

Имаше извештаи и за експлозии на Крим. Наводно погодена е и касарната. Имаше извештаи и за експлозии во Севастопол, седиштето на руската Црноморска флота, во руската воена касарна во Советски и во областите Хвардија, Џанкој и Нижњохирски.

Украинското герилско движење „Атеш“, кое дејствува на Крим, денеска ја презеде одговорноста за палењето на руската воена база, објави „Украинска правда“.

„На овој „проект“ работевме долго време и, се разбира, сè излезе како што треба. Ќе продолжиме да ја уништуваме руската армија одвнатре“, изјавија членовите на „Атеш“ на Телеграм.

Ветија дека ќе го објават бројот на жртвите.

Украина е подготвена да ја гранатира територијата на Русија, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Тој му се закани на рускиот колега Владимир Путин. Изјава ја потврди и секретарот на Советот за национална безбедност на Украина, Алексеј Данилов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…