Ердоган: Грците се плашат од ракетата Тајфун, можела да ја погоди Атина – Да, може!

t

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неодамнешното тестирање на турска балистичка ракета ја исплашило Атина и изјави дека Анкара нема да седи со скрстени раце доколку Грција продолжи да ги милитаризира своите острови во Егејското Море.

„Сега почнавме да правиме наши ракети и ова производство ги исплаши Грците. Ќе кажете Тајфун, а тие се плашат, велат дека тоа може да ја погоди Атина. Да, секако дека може да ја погоди. Ако не останете смирени, ако се обидете да го поставите оружјето што го добивте од САД на островите, и ќе ја погоди“, предупреди Ердоган, пренесува „Анадолија“.

Тој додаде дека „земја како Турција сигурно нема да седи со скрстени раце“ и дека „ќе мора да направи нешто“.

Во октомври Турција тестираше домашно произведена балистичка ракета со краток дострел „Тајфун“ над Црното Море, за која рече дека може да погоди цел на растојание од 560 километри за 456 секунди.

Анкара е вознемирена од она што го опишува како зголеменото трупање на грчката армија на островите во близина на нејзиниот брег, но и од воената поддршка што Грција ја добива од САД, наведе „Анадолија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција го блокира Инстаграм

Овој потег уследи по коментарите на турскиот…

Турција ќе ги заловува, но нема да…

Турскиот парламент усвои закон што налага сите…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…