Ќе поскапи ли струјата по Нова година?
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски на денешната прес-конференција кажа дека за околу две недели ќе се знае новата цена на струјата, односно дали и колку ќе се зголемат сметките.
„Откако ќе завршат тендерите за набавка на електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме и за набавка на загуби за МЕПСО и во Електродистрибуција, за околу две недели ќе ја знаеме новата цена на електричната енергија за домаќинствата. Треба да се види колку ќе бидат трошоците за набавка на загуби, колкава ќе биде цената на берзата на ХУПЕКС која денеска е околу 400 евра за мегават час и по колку ќе може ЕСМ да ја продава на ЕВН. Досега беше 48 евра за мегават-час. Блоковите остануваат и во 2023 година, зашто резултатите се добри и има 16 отсто намалување на потрошувачката“, кажа Бислимоски.
Бислимовски кажа дека во 2023 година потребите за увоз на електрична енергија на малите потрошувачи и домаќинства ќе биде нула денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…